Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПротече трејлерот за Deadpool – Најбезобразниот и најсмешниот херој

Протече трејлерот за Deadpool – Најбезобразниот и најсмешниот херој

Рајан Рејнолдс долги години се обидуваше да го сними филмот за Deadpool еден од омилените херои од стриповите кој има безобразен хумор, акција до врв, многу насилство и саркастични замерки за феномените во модерната поп култура. За среќа на фановите и нивните барања филмот конечно ќе биде финиширан, а сега протече и првиот целосен трејлер.

deadpool-movie-2

Ги предупредуваме гледачите дека Deadpool ќе биде означен со „R“ што се однесува на публика над 16 години или во присуство на родител или старател според наши стандарди. Насилството кое е прикажано има комична нота, што значи дека не станува збор за некаков крвав хорор, но затоа пак има многу пцовки. Премиерата на Deadpool е закажана за 12 февруари и според досега прикажанато не очекува еден од најдобрите комични филмови за суперхерои.