HomeДЕНЕШНАПолитика„Прочистениот“ избирачки список: 259 гласачи живеат на паркинг во Тетово, 14 гласачи во непостоечки стан до МВР

„Прочистениот“ избирачки список: 259 гласачи живеат на паркинг во Тетово, 14 гласачи во непостоечки стан до МВР

zgrada-glasaci

Во зградата на улицата 50 дивизија број 32 во скопската општина Центар, во близина на Министерството за внатрешни работи, во Избирачкиот список има запишано 28 гласачи, од кои 14 се непостоечки – пткрива СДК.мк. Во избирачкиот список на оваа адреса фигурираат 14 луѓе со презиме Шабан. Станарите велат дека досега никој не ги видел. Во Избирачкиот список покрај нивните имиња не стои број на стан во кој живеат.

Станарите овие сомнителни гласачи на нивната адреса ги имаат пријавено и во МВР и во ДИК. Зградата е целата заградена и поставени се предупредувања дека е под видео надзор. Само таа зграда е со таква заштита во околината.

Телевизијата Шења вчера објави дека дури 259 гласачи во Тетово се сместени на една иста адреса, каде нема куќа, туку паркиралиште. Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата „Иво Лола Рибар“ број 0.
tetovo-glasaci-parking
Екипата на ТВ Шења ја посети оваа адреса за да види за каков гигантен објект станува збор кој би ги собрал сите овие гласачи. Но на оваа адреса не нашле ниту зграда, ниту, пак, куќа, туку само празен паркинг. Жителите од оваа улица во неформален разговор рекле дека порано на ова место постоела стара куќа во која не живеел никој. Потоа во истата било сместено едно сиромашно семејство, но по извесно време куќата изгорела целосно. На истото местото подоцна е изграден паркинг. Дел од жителите кои при контролата на избирачкиот список многу пати го приметиле овој феномен и велат дека пред контролата за фиктивните гласачи на оваа адреса имало околу 150 лица.
tetovo-glasaci-parking-1
Илјадниците фантомски гласачи кои беа пронајдени во Избирачкиот список, беа причина да се донесе нова методологија за прочистување на Избирачкиот список, утврдена со Пржинскиот договор. Јавниот увид во Избирачкиот список трае до 11 ноември. Право да се пријават за гласање имаат и 30.447 гласачи кои беа избришани од Избирачкиот список.

По ставањето на увид на Избирачкиот список, десетици граѓани, невладини организации, пријавиле до ДИК дека на списокот се уште постојат илјадници фантомски гласови. Во Избирачкиот список запишани се вкупно 1 милион и 783.715 гласачи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com