Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПросинечки ќе ја предводи Бурса во новата сезона!

Просинечки ќе ја предводи Бурса во новата сезона!

Претседателот на турскиот фудбалски клуб Али Aј потврди дека го има завршено трансферот со Роберт Просинечки. Од утре се очекува “Жути“ да седне на клупата на Бурса!

Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена Ѕвезда по обврските со репрезентацијата на Азербејџан, кој ги предводи во рамките на квалификациите за Светското првенство против Северна Ирска, ќе ја предводи екипата на Бурса, и така ќе се врати во турскиот фудбал.

Тој пристигна во 2012 година во Кајсери, тим кој имаше очаен старт, но под негово раководство тие завршија високо на петото место во турскиот шампионат. Бурса претходната сезона не играше добро, заврши на 14-та позиција во првенството, со само два поени повеќе од опасната зона.