Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПроширена истрагата за грабежот во НЛБ – парите се уште ги нема

Проширена истрагата за грабежот во НЛБ – парите се уште ги нема

Проширена истрагата за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ банка. Едно лице е уапсено, но полицијата се уште трага по парите. Вработениот во банката доби 30 дневен притвор, но не кажува каде се парите кои ги украл. Според полициски извори, братот на осомничениот е вработен во Народната банка, а можно е и неговото работно место да биде мета на истрага. Инаку, НЛБ банка веќе ја пријавила штетата во осигурителната компанија. Парите во трезорот биле осигурани, па банката во целост ќе биде обесштетена.