Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПросечниот Македонец во ноември работел за 21.976 денари

Просечниот Македонец во ноември работел за 21.976 денари

Според најновите податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето плата по вработен за месец ноември изнесувала 21.976 денари, а индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува 101.8.
Тука се бележи мало зголемување е резултат, со оглед на подобрените просечни нето плати во секторите: Други услужни дејности (9.2%), Административни и помошни услужни дејности (8.4%) и Градежништво (7.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и Дејности во врска со недвижен имот (2.6%).
Во ноември 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.