Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПросечни плати во регионот – Македонија на дното

Просечни плати во регионот – Македонија на дното

Просечните плати во државите од поранешна Југославија се највисоки во Словенија, а најниски во Македонија, објавија медиумите во регионот, врз основа на најновите статистички податоци. Според Словенечкиот завод за статистика просечната плата во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе во споредба со другите држави од регионот.

Зад Словенците, највисоки плати во регионот примаат Хрватите. Просечната нето плата во мај изнесувала 749 евра. Во средина се Црногорците и жителите на Босна и Херцеговина. Според Монстат, просечната нето плата во мај изнесувала 481 евро, а според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, просечната исплатена нето плата изнесувала 424 евра.

На дното се наоѓаат Србија и Македонија, каде просечните плати се нешто над 350 евра. Републичкиот завод за статистика на Србија објави дека просечната заработувачката во мај била 366 евра. Додека според податоците на Заводот за статистика на Македонија, просечната нето плата изнесувала во мај 355 евра.