Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПросечна оценка на екстерното тестирање 3,26

Просечна оценка на екстерното тестирање 3,26

Учениците на екстерното тестирање постигнале просечна оценка од 3,26, покажаа резултатите кои денеска се истакнати во сите основни и средни училишта. Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6, соопшти Државниот испитен центар. Од утре до 30 јуни учениците ќе може да поднесат приговори до Училишната комисија. Естерното тестирање беше спроведено за учениците од 4-то одделение во основното образование до 3-та година во средно образование, во периодот од 2 до 10 јуни.

Од вкупно предвидените 183 790 ученици во оваа фаза, по два предмети тестирани се 177.478, само по еден предмет тестирани се 2 619 ученици, додека 3.693 ученици воопшто не се тестирани. Оправдано отсутните ученици ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се одвива од 17 до 20 август.
eksterno-1
Најдобри постигнувања на екстерното тестирање на општинско ниво имаат општините Центар – 4,59, Вевчани – 4,58, Аеродром – 4-44, Карпош – 4,40 и Кисела Вода – 4,26.

На ниво на основни училишта најдобри резултати на екстерното тестирање покажале училиштата „Лазо Трповски“ од Карпош -4,83, „Војдан Чернодрински“ од Карпош – 4,80, и „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Центар со просечна оценка од 4,76.

Од средните училишта најдобри просечни оценки имаат СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ со 4,31, СУГСГим „Орце Николов“ со 4,26, и СОУГим „Јосип Броз Тито“ од Битола со просечна оценка 4,05.