Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено тело на 50-годишен маж на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“

Пронајдено тело на 50-годишен маж на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“

Вчера попладне е пронајдено безживотно тело на маж во близина на Железничката станица во Скопје, на булеварот „Кузман Јосифоски – Питу“.

Според информациите од МВР, телото на починатото лице е регистирано во околу 18.50 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош и најверојатно се работи за 50-годишен бездомник. Телото е предадено на обдукција иако не се забележани траги на насилство.