Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено мртво момченце во прилепско

Пронајдено мртво момченце во прилепско

Момче на две годишна возраст е пронајдено удавено во канал со вода под Марковите кули во прилепската населба Тризла, место оддалечено 500 метри од домот на детето.
Момчето исчезнало уште вчера попладне, тогаш најблиските сфатиле дека го нема и пријавиле во полиција. Од тој период започнала петнаесет часовната потрага по него во која се вклучиле и соседите, но за жал неговото безживотно тело рано изутрина го пронашол неговиот дедо во каналот со вода.

Тахи Ајдароски кој е воедно и дедо на детенцето низ солзи ја раскажува приказната за пронаоѓањето на своето мао внуче, тој вели дека веднаш штом забележал истрчал но било предоцна бидејќи детето било во водата целосно легнато поточно кренато на површината. Го земал веќе мртвото тело, го однел дома му давал прва помош, вештачко дишење, но залудно, подоцна викнале полиција.
Јавното обвинителство нареди веднаш обдукција за да се утврдат причините за починатото дете. Мајката живее со родителите задно со уште четирите деца и за нив е чудно што дел од облеката била покрај детето.

Бабата Севија Ајдароска раскажува дека едната чизмичка која ја носело дететобила надвор од водата, а другата внатре, горната облека поточно блузичката исто била соблеена и ставена во вода, тие се сомневаат дека е можно нешто да го турнало малото дете.