Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено безживотно тело на маж во авто камп во Охрид

Пронајдено безживотно тело на маж во авто камп во Охрид

Безживотно тело на маж на возраст од 45 години, утрово е пронајдено во автомобил во авто кампот „Андон Дуков“, крај Охрид, информираат од СВР Охрид. Телото го забележал случаен минувач кој веднаш ја известил полицијата. Според првичните информации од истрагата сомнежите се дека станува збор за самоубиство. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото.