Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено безживотно тело на 26-годишно момче со траги од насилство

Пронајдено безживотно тело на 26-годишно момче со траги од насилство

Телото на 26 годишно момче пронајдено во куќа во Радовиш. Вчера попладне, сопственикот на куќата кај кого бил потстанар, го пронашол телото и веднаш пријавил во полиција.

Од СВР Струмица го потврдија случајот, но не ја наведоа причината за смртта. Телото било донесено во струмичката болница каде го прегледало судски вештак кој треба да утврди како починало момчето. Неговите роднини, пак, се сомневаат дека станува збор за убиство, бидејќи по телото имало видливи траги од насилство.