Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдениот дел не е на малезискиот авион

Пронајдениот дел не е на малезискиот авион

Завршија активните пребарувања на плажите и океанот на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан. Можни остатоци од летот „MH370“ на „Малезија ерлајнс“ не се пронајдени, пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Пребарувањето не донесе до идентификување на веројатни елементи кои можат да бидат поврзани со авионот“, изјави градоначалникот на Реунион, Доминик Соран.

По откривање парче од крило на авион на 29 јули, за кое се претпоставуваше дека му припаѓа на авионот на „Малезија ерлајнс“ на „боингот 777“, кој исчезна на 8 март 2014 година, француските власти на 7 август го активираа широкиот план за пребарување на морето и на копното околу островот.

За десет дена, воениот авион од типот Каса „надлета вкупна површина од 10.000 морски квадратни километри“, се вели од префектурата. Пребарувањето најпрво беше насочена кон Истокот и Југот на островот, од 13 август и на север и северозапад од минатиот викенд. Овие истраги, дополнети пребарување со хеликоптери и патролните чамци на жандармеријата (…) не дозволија да се идентификуваат други остатоци од авионот, ниту што било „што како доказ би можело да се поврзе со авион“, се вели понатаму од префектурата на Реунион.

Во отсуство на нови откритија на предмети од интерес на тековната истрага“, статистичките шанси за откривање на остатоци на „MХ370“ во текот на пребарувањето биле екстремно ниски“, се нагласува од префектурата. Од 7 до 17 август, во мобилизација на армијата, жандармерија и полиција, беа ангажирани 192 лица на брегот за вкупно 141 часа пребарување.

„Боингот 777“, на летот MХ370 на Малезија ерлајнс исчезна на 8 март 2014 година, на летот од Куала Лумпур за Пекинг со 239 лица во авионот.

Парчето на крилото откриено на Реунион, беше испитувано во лабораторијата на Генералниот директорат за вооружување близу Тулуз, на 6 август. Премиерот на Малезија веднаш потоа соопшти дека тоа му припаѓа на исчезнатиот „боинг“ на „Малезија ерлајнс“, како прв доказ дека авионот се урна во Индискиот Океан. Обвинителството во Париз, кое, исто така води истрага, бидејќи четири жртви во авионот се француски граѓани, беше многу попопретпазливо, зборувајќи само за „многу силни сомневања“ дека делот му припаѓа на авионот. Овај дел на крилото, е засега единствениот формален доказ идентификуван од летото „MХ370“.

извор:МИА