Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени се сите тела од индонезискиот авион

Пронајдени се сите тела од индонезискиот авион

Пронајдени се телата на сите 54 патници и членови на екипажот на авионот кој пред два дена се урна во провинцијата Папуа, на истокот од Индонезија, соопштија претставници. Пронајдена е и црната кутија на авионот.

Во авионот на компанијата “Tigrana er” се наоѓале 44 патници, пет деца, бебе и пет членови на екипажот. Првичното сомнение дека падот на авионот се случил поради парите кои се наоѓале во него, 470.000 долари наменети за помош на сиромашните села, засега уште не е потврдено.

Авионот пред два дена изгубил контакт со контролата на летот, пола час по полетувањето од аеродромот Сентани во престолнината Папуа, Џајапури, на летот до Окисбил, кој требало да трае околу 45 минути.

“Tigrana er” од 2007 година се наоѓа на листата на ЕУ забранети компании, поради лошите безбедносни услови.