Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени ренесансни слики украдени во Верона

Пронајдени ренесансни слики украдени во Верона

Украинската служба за спроведување на законот пронајде скапоцени ренесансни слики украдени од музеј во италијанскиот град Верона. Претседателот на Украина Петро Прошенко ги пофали безбедносните служби поради пронаоѓање на сликите. Прошенко изјави дека акцијата за враќањето на 17 слики на Рубенс, Тинторет, Пизанела и други „стари мајстори“ на сликарството ја потврдила украинската борба против криумчарење на уметнички дела.

Спорд неговите зборови, проценетета вредност на сликите изнесувала околу 16 милиони евра. Сликите биле украдени во ноември од музејот Кастелвекио во Верона, кога група од неколку маскирани мажи влегле во просториите на музејот после затворањето. Тие ги нападнале и ги врзале лицата задолжени за обезбедување и ги украле сликите.