Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени првите остатоци од египетскиот авион, сомнежи за тероризам

Пронајдени првите остатоци од египетскиот авион, сомнежи за тероризам

Поморски тимови на Франција и Египет учествуваат во извлекување на остатоците на авионот Ербас А320 на компанијата EgyptAir кој вчера се урна во водите на Средоземното море, а исчезна на стотина километри од брегот на Египет во близина грчкиот остров Карпатос. Засега се пронајдени и лични предмети на патниците, но клучно за доаѓање до одговор за причината за падот ќе биде пронаоѓањето на црната кутија и записите за самиот лет.

EgyptAir (1)

Египетските воздухопловни власти засега проценуваат дека можен е терористички напад според начинот на кој е испратен последниот сигнал за итност, додека пак французите не сакаат да шират паника што е и разбирливо бидејќи авионот полета од Париз, од аеродромот Шарл де Гол. Најверојатно сите 66 присутни во авионот се починати.