Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени остатоци од авион – се верува дека се од малезискиот MH370

Пронајдени остатоци од авион – се верува дека се од малезискиот MH370

Дел од авионско крило што вчера било пронајдено на еден остров на Индискиот океан би можело да биде од Боингот 777 на Малезија ерлајнс што мистериозно исчезна на 8 март минатата година. Делот е пронајден кај градот Сент Андре на францускиот остров Реунион.

Во тек е истрага и засега нема податоци врз основа на кои со сигурност може да се каже дека делот во должина од два метра му припаѓал на исчезнатиот авион. Експертот за воздухопловна безбедност Гзавие Тителман изјави дека постои неверојатна сличност, но дека за неколку денови јавноста ќе добие дефинитивен одговор дали остатокот бил дел од Боингот кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна над Јужното кинеско море.