Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПронајдени изгубените Скопјани на Бистра

Пронајдени изгубените Скопјани на Бистра

Рано утрово двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра беа пронајдени од спасувачките служби, по 24 часовна потрага.

Двете лица, на возраст од 35 и 29 години кои вчера попладне се изгубија на падините на Бистра се на безбедно. Изморени и без професионална опрема, двајцата скопјани преноќиле под отворено небо.

Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица по што биле преземени со возило.