Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени фотографии од американскиот претседател Обама во исламска носија

Пронајдени фотографии од американскиот претседател Обама во исламска носија

Водителот на американската телевизија “Fox”, Бил О’Рајли, објавил досега невидени фотографии од претседателот на САД, Барак Обама, кој во народна носија присуствувал на муслиманската венчавка на својот полубрат.

Се верува дека фотографиите се направени на почетокот на 90-тите години, некаде во Мериленд. О’Рајли ги искористил овие фотографии да го нападне Обама и неговата администрација во својата емисија на “Fox“.

– Според зборовите на неговата полусестра, Барак Обама присуствувал на венчавката на својот брат. Малик Обама бил муслиман – изјавил О’ Рајли.

Obama nosija
Малик прв пат се оженил во 1981 година, а Обама му бил кум на таа церемонија. Сега има неколку жени.

Водителот додал дека администрацијата на Обама е одговорна за смртта на стотина илјади луѓе на Блискиот Исток и истакнал дека поради своите “муслимански корени константно одбива да го употреби изразот “исламски тероризам”, туку убијците ги нарекува само терористи”.