Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПронајдени ембриони во тегли покрај гробишта во Грција

Пронајдени ембриони во тегли покрај гробишта во Грција

Покрај гробиштата на едно село, северно од Солун, овчар пронашол црна торба во која се наоѓале две тегли, а во секоја од неа имало ембрион во формалдехид, соопшти грчката полиција. Овчарот, откако ја пронашол торбата во селото Врисаки, ја отворил, по што веднаш повикал полиција. Според експертите, ембрионите биле во 20-тата недела од развојот. Тие се однесени кај паталог, а полицијата покрена истрага.