Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдени две мртви тела во Прилеп со траги на насилство

Пронајдени две мртви тела во Прилеп со траги на насилство

Во Прилеп се пронајдени две мртви тела на различни локации без меѓусебна поврзаност. Во привиот случај станува збор за тело во распаѓање на маж кое е пронајдено случајно во близина на „Шинтерницата“ на ЈП Комунална хигиена, додека пак во вториот случај станува збор за мртва возрасна жена која е пронајдена во нејзиниот дом откако соседите пријавиле сомнежи. Жената имала траги на насилство и според првичните информации била мртва веќе десетина дена, па полицијата ќе треба да го расчисти случајот.