HomeДЕНЕШНАРепубликаПронајдени човечки остатоци од масовна гробница во дворот на Ахмети во Зајас

Пронајдени човечки остатоци од масовна гробница во дворот на Ахмети во Зајас

Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во село Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпоставува дека се од масовна гробница од 1913 година.

Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата, која започнала вчера. На местото на настанот денеска излегле и претставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.

Координаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу денеска изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година и дека телата првично биле запалени, па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето што се во масовната гробница претежно се жители од тој крај и, според првичните сознанија, најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

Муслиу, меѓу другото, информира дека уште од 2013 година почнала истрагата за постоење евентуални масовни гробници во овој регион.

Детали за ексхумацијата се очекува да соопшти Јавното обвинителство во Гостивар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com