Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомПронајдена вакцина за ебола што ќе спаси илјадници животи?

Пронајдена вакцина за ебола што ќе спаси илјадници животи?

Експериментален вид на вакцина за ебола дава ветувачки резултати со што има надежи дека може да се спречи една од најсериозните зарази која досега одзеде над 11 илјади животи во Западна Африка. Здружен тим на научници од повеќе медицински центри го започнале вакцинирањето на околу 4000 заболени во Гвинеја кои дошле во контакт со еболата во последните 10 дена.

Останатите дози биле дадени на околу 3500 лица по истекот на десетте дена и дојдено е до заклучок дека кај нив вакцината послабо делува. Повеќе резултати за успешноста на вакцината се очекуваат во наредниот период, но стартот е навистина позитивен.