Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПронајдена неексплодирана авионска бомба во Белград

Пронајдена неексплодирана авионска бомба во Белград

Неексплодирана авионска бомба, тешка околу сто килограми, е пронајдена во Нов Белград на булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“, изјавија претставници на српското Министерство за внатрешни работи, јави Танјуг. На лице место излегле контрадиверзантски екипи и припадници на Секторот на вонредни ситуации.

Бомбата околу 16 часот ја пронашле работници на Белградски електрани при изведување на работи. Министерството нагласи дека работниците на Белградски електрани со багер ја ископале авионската бомба, со маса од околу 100 килограми, која е во доста лоша корозивна состојба и најверојатно е останата од Втората светска војна.