Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПронајдена кашикара во Поројска река

Пронајдена кашикара во Поројска река

Вчера во коритото на Поројска река, во близина на автомеханичарска работилница било пронајдено тело од рачна бомба кашикара без запалка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Полицијата за случајот дознала од еден жител на Порој кој некаде околу 18 часот ја забележал експлозивната направа, чие тело претежно било прекриено со земја.

Претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со полицајците го фотодокументирале местото и соодветно ја подигнале и транспортирале бомбата што била значително координирана.