Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдена изчезната слика на Караваѓо вредна 120 милиони евра

Пронајдена изчезната слика на Караваѓо вредна 120 милиони евра

Сплет на случајности на едно семејство може да му донесе голема сума на пари. Во францускиот град Тулуз, едно семејство сакајќи да види од каде протекува кровот, случајно нашле вредна слика на која е пртетставена библиска сцена на која Јудита му ја отсекува главата на Холоферн.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, најверојатно станува збор за дело на големиот италијански сликар од крајот на 16-от и почетокот на 17-от век, Караваѓо. Првите проценки на експертите се дека сликата вреди околу 120 милиони евра. Тие тврдат дека ова е едно од непознатите и исчезнати дела на Караваѓо. Ваквата претпотсвака ја базираат на специфичната светлина на сликата, типична за овој сликар. Сликањето без корекции, со сигурната рака на авторот, како и сликарскиот материјал, ја прават сликата автетична.

Познатиот сликар најпрво го насликал делото Јудита и Холоферн, кои е изложено во палатата Берберини, но потоа изработил и втора слика, која се споменува во повеќе писма од периодот меѓу 1600 и 1610 година. Претпоставките се дека ова дело пристигнало во Тулуз благодарение на еден офицер од војската на Наполеон, кој е предок на соспственици на куќата во која е пронајдена сликата.

Француското Министерство за култура веднаш го прогласи делото за „национално богатсво“, со што се забранува негово изнесување од Франција во следните 30 месеци.