Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдена и втората црна кутија од египетскиот авион

Пронајдена и втората црна кутија од египетскиот авион

Пронајдена е и втората кутија со податоците и летот за падот на авионот на воздухопловната компанија „EgyptАir“, објави египетската истражна комисија.

Пронаоѓањето на втората кутија треба да даде одговор зошто се урна авионот на 19 мај во кој загинаа 66 луѓе.

Авионот леташе од Париз до Каиро кога исчезнал од радарот. Кутијата е пронајдена во лоша состојба и ќе треба долго време за да извадат податоците од неа. Иако се претпоставуваше дека станува збор за терористички напад, засега нема докази за тоа. Засега е познато дека системот за детектирање на чад откажал неколку минути пред уривањето на авионот.