Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАПронајдена е вакцина против ебола

Пронајдена е вакцина против ебола

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека вакцината против еболата покажала 100 процентна заштита во испитувањата и може да го спречи ширењето на смртносниот вирус.

Таа била тестирана на илјадници заразени во Гвинеја.

,,Веруваме дека светот е на чекор поблиску во пронаоѓањето на ефикасна вакцина против ебола” –  изјави експертот за вакцини на СЗО, Мари Паул Кини на прес-конференцијата во Женева.

Инаку, според СЗО бројот на жртви од оваа епидемија достигна 5 459 лица, а бројот на регистрирани случаи на заболени од ебола  15 351 лица.