Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПронајдена човечка нога на депонија во Лесковац

Пронајдена човечка нога на депонија во Лесковац

Работниците на регионална санитарна депонија “Жељковац” во Лесковац вчера пронашле дел од човечка нога, се уште нераспаднато стапало со листот од ногата. Човечката нога била откриена околу 13 часот, во секторот за рециклирање, при селекција на отпад собран во текот на ноќта, од неколку локации во градот.

Прво мислевме дека е кукла, но кога отпадот преку лентаата се доближуваше, сфативме дека станува збор за човечка нога, која сè уште не беше во распадната состојба. Ние бевме шокорани, немавме зборови од изненадувањето, а потоа веднаш го пријавивме случајот до надлежните органи, вели еден од седум работници кои биле на смена.

Санитарна депонија и центарот за рециклирање управуван од страна на австриската компанија “Пор Вернер и Вебер”, денеска одбија да го коментираат случајот, со образложение дека во интерес на истрагата, полицијата забранила да се даваат изјави. Од друга страна, портпаролот СТП Лесковац Бобан Здравковиќ ниту потврди, ниту го негираше случајот, велејќи дека за тоа е премногу рано да се зборува за тоа.

Во Лесковац шпекулираат дека екстравагантниот отпад е исфрлен од Општата болница во Лесковац, но нејзиниот директор, Небојша Димитријевиќ жестоко ги негираше гласините.

– Тоа е апсолутно невозможно, бидејќи тоа е одвоено од транспорт на медицински отпад. Отстранети делови од човечки тела, со ригорозни контроли и со придружна документација, се изгорени во апаратот за спалување во болницаа, а потоа се извршат анализи на отпад депониран во посебенот дел на депонијата – вели Димитријевиќ.

Центарот за рециклирање вчера беше затворен неколку часа, додека полицијата спровела истрага, а некои од работниците велат дека тие се плашат да не пронајдат друг дел од човековото тело.