Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден мртов маж во охридската населба Далјан

Пронајден мртов маж во охридската населба Далјан

Мртво тело на маж денеска е пронајдено во близина на некогашниот Младински центар во охридската населба Далјан. Се работи за 49-годишниот Есад М. кој во охридската полиција пред десеттина дена беше пријавен како исчезнат. Според информациите од СВР – Охрид, нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело, што било констатирано при извршениот увид и медицинскиот преглед спроведен непосредно после откривањето.

Инаку, според пријавата поднесена од неговиот брат, сега починатиот Есад последен пат бил забележан на 2 февруари годинава, а неговото место на живеење било во камп-приколка од Феријалниот сојуз. По наредба на Јавен обвинител, во текот на утрешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола.