Monday, Apr 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден машки труп на штипскиот Исар

Пронајден машки труп на штипскиот Исар

isar

На тврдината Исар во Штип утринава околу 9 часот и 20 минути пронајден е машки труп од страна на случаен минувач. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека станува збор за 40-годишниот Марјанчо Б. кој е пронајден мртов во близина на стариот резервоар на тврдината Исар во Штип.

По извршениот увид од страна на екипа од Полициската станица во Штип телото на починатиот е предадено на обдукција во Клиничка болница Штип по што ќе се утврди дали станува збор за насилна смрт или починатото лице самото си го одзело животот. Повеќе детали од полицијата најавија во текот на наредните денови.