Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПронајден гробот на античкиот филозоф Аристотел?

Пронајден гробот на античкиот филозоф Аристотел?

На северот на Грција е пронајден гроб на славниот грчки филозоф Аристотел, во четвртокот соопштил еден грчки археолог, на конференцијата во Солун посветена на овој филозоф.

„Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“, рече Костас Сисманидес, а пренела грчката телевизија.

Веројатното последно почивалиште на Аристотел се наоѓа во градот каде што е роден – античка Стагира, на источната страна од полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпијада.

Жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговото родно место по неговата смрт во 322 година п.н.е во јужниот град Халкиди и го положиле во градба во облик на потковица, изјавил археологот. Сисмандис води ископувања во Стагира од 1996 година.