HomeДЕНЕШНАПолитикаПромовирани 654 полициски службеници

Промовирани 654 полициски службеници

Денес свечено беа промовирани нови 654 полициски службеници во Центарот за обукаво Идризово, а од нив 143 се жени. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача да бидат бескомпромисни чувари на редот и законите, но и на професиналната чест и достоинството.

„Интегритетот не се гради со подмитливост, со поткупливост, со непочитување на законите или со селективна правда, со злоупотреба на должностите и службените овластувања или слични такви стандадри и вредности кои со години наназад ја доведоа Македонија до работ на амбисот“, изјави Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, Спасовски рече дека досега во МВР се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com