Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураПромоција на романот „Бездомникот со златен часовник“

Промоција на романот „Бездомникот со златен часовник“

„Сите нешта имаат своја цена. Колку чини еден дом?“
Во петок, 3. јули со почеток од 20 часот ќе се одржи промоција на возбудливиот роман на Верче Карафилоска „Бездомникот со златен часовник“.

Настанот ќе биде збогатен со потпишување книги, пријатна и мирна атмосфера во кафулето „Децата од нашата улица“ на Ленинова.

Придружете се на промоцијата и дознајте колку гревови бездомникот со златен часовник е подготвен да плати.