Thursday, Apr 25, 2024
HomeИздвојувамеПромоција на деби албумот „Дождлив ден“ на младиот музичар Борис Цветановски

Промоција на деби албумот „Дождлив ден“ на младиот музичар Борис Цветановски

Многу музика, забава, дружење и голем број на новинари, колеги и соработници од музичката сцена – ваква беше вчерашната атмосфера во скопската пивница „Стар град“ во која се одбележа промоција на првиот деби албум на една млада, надежна музичка ѕвезда, Борис Цветановски.

boris 6Освен албумот насловен како „Дождлив ден“, свое претставување имаше и видео записот за истоимената песна за која се очекува да стане хит на македонските радио станици. За соработката долга две години на сите присутни на промоцијата се обратија новинарката Валентина Ѓорѓиевска Парго и продуцентот на „Кактус“ Продукција, Горан Милошевски, кои во Борис гледаат ѕвезда која допрва ќе ја освои македонската музичка сцена.


„Борис е една млада, прекрасна личност, човек кој ја обожава музиката и успеа своевремено да свири и да работи. Порасна во оваа пивница, тука пееше со групата „P.M.“, а потоа со неговиот бенд. „Кактус“ е нова продукција која ја создадовме јас, Борис и многу други луѓе, која ќе промовира млади кадри, оние коишто се навистина способни да направат нешто во светот на музиката“, изјави Милошевски.


boris 2По обраќањето на сите соработници кои помогнаа во изработка на „првенецот“ на Борис, сите осум композиции од „Дождлив ден“ беа изведени во живо пред публиката. Борис беше неизмерно заблагодарен за поддршката од најблиските, колегите и сите кои помогнаа да се реализира ова музичко дело.

12180776_10207783530257087_473065288_o


„Многу ме радува што вака насмеани и позитивни дојдовте вечерва. Сакам посебно да му се заблагодарам на човекот којшто веруваше во мене и во овој проект од самиот почеток, без којшто сево ова воопшто немаше да изгледа вака и немаше да се здобијам со огромното искуство кое сега го поседувам, Горан Милошевски.“


boris 4


„Верувајте ми, се чувствувам многу добро иако немам спиено 2-3 дена поради возбуда, од тоа дали се ќе биде како што треба или дали ќе излезат некакви технички проблеми. Албумот се подготвуваше околу 2 и пол години, а инспирацијата за текстовите се случи буквално во една недела од мојот живот“, рече младиот пејач.


Позитив.мк на овој млад изведувач му посакува успешна кариера, многу нови композиции и уште безброј промоции.

Автор: Тамара Стојкова