Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПромоција на алатките за првиот регистар на нелегален отпад во Македонија

Промоција на алатките за првиот регистар на нелегален отпад во Македонија

На 24-ти октомври, во 11:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот, граѓанската асоцијација “Ајде Македонија” одржа промотивен настан на темата “Промоција на алатките за првиот регистар на нелегален отпад во Мakедонија”. На промотивниот настан присуствуваа претседателот на Асоцијацијата, г-динот Блаже Јосифовски, заменик-амбасадорот на Британската Амбасада во Скопје г-динот Пол Едвардс и одговорната за корпоративни комуникации на „Медиа Принт Македонија“, г-ѓата Марина Домазетовска.
Со цел инспирирање на локален активизам и решавање на проблемот со нелегално фрлениот отпад во Македонија, „Ајде Македонија“ во соработка со своите партнери се зафати со развивање на сеопфатна база на податоци за локациите, видот и количеството на отпад преку организирано и синхронизирано мапирање. За таа намена создаде алатки за мапирање на нелегалниот отпад кои ќе бидат достапни на нивната веб страна и ќе им послужат на граѓаните, граѓанските организации,одговорните компании, локалните и национални институции да превземат свои иницијативи во врска со отпадот. На веб страната (www.ajdemakedonija.mk) ќе биде овозможено граѓаните да дојдат до потребните алатки за извршувањето на мапирањето. Голем чекор е самата можност и одговорност во исто време, која им се дава на граѓаните. Тие ќе можат да ја превземат граѓанската должност и самите да допринесат за состојбите во кои живееме. Тимот на „Ајде Македонија“ верува дека граѓанското учество е пресуден фактор за промена на состојбите со отпадот во земјата.

905622_10152898625951292_4742431154025180163_o

Претседателот на Ајде Македонија, Блаже Јосифовски, изјави: „Ние сме сигурни дека алатките за мапирање на отпад кои ги промовираме денеска ќе наидат на голем интерес од страна на сите општествени чинители, а Македонија ќе има регистар за нелегален отпад кој во секое време ќе биде достапен секому, без разлика дали е невладина организација, локална или национална институција. Со овој е-регистар ќе добиеме една целосна слика каква е состојбата на терен во Македонија.“

11872052_10152898619671292_2735737082049515783_o

Регистарот на нелегален отпад ќе го афирмира проблемот со нелегалниот отпад во Македонија, неговото мониторирање и решавање.

Податоците добиени од регистарот ќе биддат искористени како информации на кои локации ќе се чисти за време на националната акција планирана за 3-ти октомври.

Инаку, овој проект беше инициран од страна на Граѓанската Асоцијација Ајде Македонија! во соработка со Британската Амбасада во Скопје и Медиа Принт Македонија. Освен нив, досега се вклучени и бројни граѓански организации, компании и јавни институции на национално и локално ниво како Пакомак, Црвен Крст, Федерација на планинарски спортови на Македонија, Peace Corps и други.

Линк до мобилната апликација.