HomeДЕНЕШНАПроменливо викенд време: денеска сончево, утре дожд

Променливо викенд време: денеска сончево, утре дожд

Денеска сончево време со слаб ветер, а утре дожд и заладување, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, прво од западната страна на земјата. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9, а дневната од 17 до 23 степени.

Од утре под влијание на влажна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд ќе има во источните делови од земјата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com