Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроменливо облачно и ветровито време

Променливо облачно и ветровито време

Времето во западниот и централниот дел на Македонија ќе биде променливо облачно со можност за врнежи во Охридско, додека во источниот дел од државата ќе биде сончево со ветер со променлив правец. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 6 степени, а максималните од 11 до 21 Целзиусов степен.

На повисоките места во Осоговско-Малешевски регион утринските температури ќе се спуштат под нула, а потоа под влијание на топла воздушна маса и јужно струење ќе бидат во пораст.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со минимална температура од 3 степени, додедка максималната ќе достигне до 18 Целзиусови степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер, а од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури.