HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПроизведен алкохолен пијалок кој не предизвикува мамурлак

Произведен алкохолен пијалок кој не предизвикува мамурлак

Новиот тип на синтетички алкохол е развиен за да овозможи уживање во позитивните ефекти што алкохолот ги има на социјалните способности, но овозможува да се прескокне мамурлокот.

Новиот пијалак под името „алкосинт“ е патентиран од професот Дејвид Нат од Империјал колеџот. Тој е синтеза на повеќе од 90 алкосинтски компоненти.

Професорот Нат се надева дека новиот алкохолен пијалок до 2050 година во целост ќе го замени „нормалниот“ алкохолен пијалак.

– Овој алкохол ќе може да се користи во коктели и ќе пружи еднакво задоволство што нема да го оштетува црниот дроб ниту срцето… Индустријата на алкохол е свесна дека за неколку децении таквиот алкохол во целост ќе го замени традиционалниот. Луѓето сакаат да се хранат здраво и сакаат да пијат здрави пијалаци, посочи професор Нет.

Тој во 2009 година е сменет од функцијата советник за лекови во Велика Британија откако изјави дека земањето на екстази е помалку опасно од јавање коњ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com