Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРПрограма за сите вкусови вечерва на ,,Скопско лето"

Програма за сите вкусови вечерва на ,,Скопско лето"

Програма за сите вкусови вечерва на Скопско лето

Љубителите на музичката уметност, театарџиите и вљубениците во седмата уметност вечерва ќе уживаат на ,,Скопско лето”

Во Театар „Комедија“ ќе настапи Албански театар-Скопје со претставата „Под масата“ на Роланд Топор во режија на Билге Емин

Во Музеј на Град Скопје, пак, е концертот на дуото виолини Фросина Богдановска и Жана Ли од Казахстан, и пијанистката Марија Ѓошевска. Тие ќе изведат композиции од Изаи и Прокофјев.

Во Сули ан (Факултет за ликовни уметности) каде што „Скопско лето“ ја организира програмата „Кафе кино“, ќе биде прикажан филмот „Продолжи да се смееш“ од 2012 година – копродукција меѓу Грузија, Франција и Луксембург, во режија на Русудан Чкониа.