Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрогноза за денес – Чадорот при рака

Прогноза за денес – Чадорот при рака

Прогнозите за денес велат дека не очекува заоблачување и поголема можност за дожд, па затоа ако излегувате чадорот нека ви биде при рака. Извештајот на метеоролозите за Македонија е следниот, не олекува облачно врем со услови за појава на локален дожд, особено во претпладневните часови во источните делови од земјата. Во текот на денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено засилен ќе биде долж Повардарието. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и ќе има се почести сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 20 до 28 степена.

Во Скопје не очекува слично време, во утринските часови претежно облачно со услови за повремен дожд, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди и мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната до максимални 25 степени.

Утре и во петок ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат пониски за три до пет степени. Викенд прогнозата вели дека во петок и сабота во попладневните часови се уште ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд. Во недела пак, ќе има услови и за појава на нестабилност со појава на грмежи и локален пороен дожд. Дотогаш температурите ќе бидат во благ пораст.