Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПрогласени се најдобрите земји, на кое место е Македонија?

Прогласени се најдобрите земји, на кое место е Македонија?

Според последниот Индекс на добри земји, на врвот се најде Шведска според позитивниот животен стил. Во анализата учествувале 163 земји, која  била направена врз основа на 35 индикатори од извори меѓу кои и Обединетите нации и Светската банка. Исланд се наоѓа на врвот на листата за придонесот за зачувување на климата на планетата, со минималното производство на штетен материјал и со ниско ниво на испуштање јаглерод диоксид. Велика Британија е на врвот кога станува збор за науката и за технологијата, покажува индексот на добри земји.

Индексот покажува дека Шведска, соодветно на нејзината економија, прави повеќе добро отколку штета од било која друга земја. Оваа година, на листата биле додадени 38 земји. Либија е на дното.

Земајќи ги предвид сите фактори, Македонија се наоѓа на 60. место на листата.

Во посебните категории, најдолу на листата се наоѓаме во поглед на меѓународниот мир и безбедноста (125. место) и здравјето (119. место).

На 93. место сме кога станува збор за просперитетот и за еднаквоста, на 62. позиција за планетата и за климата, а на 59. место во поглед на светскиот ред.

Во поглед на културата се наоѓаме на 57. место, а во науката и во технологијата сме на 27. позиција на листата.