HomeДЕНЕШНАРепубликаПрогласени најдобрите млади информатичари на Балканот, Македонија со голем успех

Прогласени најдобрите млади информатичари на Балканот, Македонија со голем успех

На свеченоста одржана вечер во Телеком иновативниот центар во Скопје, беа прогласени победниците на 10.Јуниорска балканска олимпијада по информатика.

Овој врвен натпревар во програмирање, кој се одржа од 17 до 21 септември обедини 9 земји учеснички и вкупно 39 учесници јуниори до 15 годишна возраст.

На настанот беа прогласени најдобрите натпреварувачи, меѓу кои беа и претставниците на Македонија – Марко Чаласан го освои сребрениот медал, а бронзени медали освоија: Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева. Со златни медали се закитија претставници на Молдавија, Бугарија и Романија.

Манифестацијата беше организирана од Здружението на информатичари на Македонија со поддршка на Министерството за информатичко општество (МИОА).

Јуниорската балканска олимпијада по информатика, се одржува по десетти пат со учество на членки на Балканската иницијатива: Македонија, Кипар, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Словенија.

Фондацијата Телеком за Македонија ја поддржа манифестацијата и беше домаќин на свеченото затворање и доделување на медалите на оваа десетта по ред јубилејна Олимпијада.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com