Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрогласена вонредна состојба во САД поради снежната бура „Стела“

Прогласена вонредна состојба во САД поради снежната бура „Стела“

Поради снежната бура „Стела“, властите во Њујорк, Пенсилванија, Вирџинија и Њу Џерси прогласија вонредна состојба. Во Њу Хемшир загина 16-годишно девојче откако изгубило контрола врз автомобилот. Илјадници летови се откажани, училиштата се затворени, а снежната покривка се очекува да биде и до 60 сантиметри во делови од Њујорк. Ветрот е со брзина од 95 км/ч. За повеќето Американци, ова е проблем, но не и за сурферите на Лонг Бич кои го чекаат овој предизвик цела година.

„Во минатите 6 недели патував во Калифорнија, Хаваи, Порторико, а сега сум овде зашто сега се најдобрите бранови во зимската сезона. Ветрот е малку силен, не можам да гледам постојано во бранот. Водата ми оди директно во лицето, па на моменти не можам да гледам“, вели еден сурфер.

Поради вонредните временски услови, германската кацеларка Меркел ја презакажа посетата на Вашингтон за крајот на работната недела.