Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнПрогласен најдобриот бар во светот за 2016 година – еве како изгледа

Прогласен најдобриот бар во светот за 2016 година – еве како изгледа

Лондонскиот бар Connaught, којшто се наоѓа во истоимениот хотел во Лондон е прогласен за најдобар бар во светот на десеттото издание на Annual Spirited Awards, настан што годинава се одржа во Њу Орлеанс. Доделувањето на наградите се одржа во хотелот Sheraton. На настанот присуствуваа 100 експерти од индустријата и победниците во петте главни категории. Се оценуваа техниките на мешање на коктелите, менијата и самите барови.
bar 2
Connaught Bar е дизајниран од страна на реномираниот дизајнер Дејвид Колинс, а свој печат на внатрешноста имаат дадено познатиот луксузен бренд Jimmy Choo и стоковната куќа Harrods. Внатрешноста потсетува на 20-тите години од минатиот век. Кожните фотелји му даваат посебен шмек на местото, ѕидовите се обоени во розово, светло зелено и виолетово, додека бармените се елегантно облечени во костуми со бели кошули, ракавици и црни појаси.
bar 1

bar 4

bar 5

bar 6

bar