Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрогласен ден на жалост во Тетово

Прогласен ден на жалост во Тетово

Советот на Општина Тетово вчера донесе одлука денешниот и утрешниот ден да бидат ден на жалост по силното невреме кое го зафати целиот тетовски регион во кое починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.

Причинета е огромна материјална штета на околу 200 државни и приватните имоти, земјоделски земјишта и инфраструктурата. Висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари.