Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПрогласен банкрот – „Млекарите“ се враќаат во Серија Д

Прогласен банкрот – „Млекарите“ се враќаат во Серија Д

Откако пред  два месеци се најде на аукција, челниците денеска соопштија дека италијанскиот фудбалски клуб Парма и официјално прогласува банкрот. Тоа значи и враќање во аматерската Серија Д.

Калчолигашот цела измината сезона се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, а на отворениот оглас за нејзино откупување не се јавил никој.

Парма сезоната 2014/2015 ја заврши последна на табелата од Серија А со освоени 19 поени. Екипата која некогаш се натпреваруваше со елитните клубови од Европа го има освоено Купот на УЕФА два пати, а во Италија три пати се закитила со домашниот куп.