HomeДЕНЕШНАПолитикаПрофесорката Каракамишева и Венецијанската комисија

Професорката Каракамишева и Венецијанската комисија

За јавноста веќе добро познатата професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан први“, Тања Каракамишева-Јовановска стана член на реномираната Венецијанска комисија.

Членовите во оваа реномирана комисија се гласаат по предлог на државите членки на Советот на Европа (Министертво за правда) од редот на професорите по уставно и меѓународно јавно право, парламентарци и државни службеници. Мандатот на членовите е четири години, со неограничено право за продолжување на мандатите.

Индивидуалните членки не дејствуваат во име на државата, туку учествуваат во работата на Комисијата како стручњаци-поединци.

Венецијанската комисија се занимава со уставни, изборни прашања, како и со прашања кои се однесуваат на функционирањето на демократските избори. Венецијанската комисија има мандат да дава правни совети на земјите членки и да им помага во прилагодувањето на домашната легислатива со европската. Македонија често ги праќа своите закони на мислење на Комисијата, иако тоа не е обврзувачко.

Изборот на професорката Каракамишева предизвика поделени реакции во јавноста,особено по акумулацијата на функции што ги добива во последно време.Таа е член на Одборот за акредитација и евалуација на Високото образование, а членува и во неколку управни одбори. Во 2013 година беше избрана за еден од 10-те најдобри научници на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Но, малку се знае дека професорката Каракамишева и досега беше заменик – член на Венецијанската комисија од Македонија. Досегашни македонски претставници во ова тело беа професорката Гордана Силјановска Давкова, поранешната уставна судијка и сегашен македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, како и професорот Тито Беличанец.

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, меѓународната асоцијација која ја сочинуваат 47 европски и 12 неевропски земји: Алжир, Бразил, Чиле, Израел, Казахстан, Република Кореја, Киргистан, Мароко, Мексико, Перу, Тунис и САД. Белорусија има статус на придружен член, а уште пет други земји учествуваат во работата на Комисијата како посматрачи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com