Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрофесионален војник на АРМ повреден при стражарење во касарната во Прилеп

Професионален војник на АРМ повреден при стражарење во касарната во Прилеп

Со застрелување во стомакот со автоматка пушка, професионален војник на АРМ успеал да се самоповреди во четвртокот навечер, кога стражарел во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Синоќа, војникот е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба.