Friday, Apr 19, 2024
HomeНиз објективотПроф. Ненад Новковски: Полицијата со прекумерна сила на Економски

Проф. Ненад Новковски: Полицијата со прекумерна сила на Економски

Ненад Новковски, професор и кандидат за ректор на УКИМ, акцијата „Еразмус“ на МВР ја оцени како употреба на груба и непотребна сила и дека ја нарушиле автономијата на Универзитот со активирање на специјалните единици и апсењата извршени во самиот кампус. Според информациите кои проф.Новковски ги има Ректорот бил информиран дека МВР ќе спроведе акција, но не било дадено јасно одобрение за делувањето.

МВР поднесе кривични пријави против професори, асистент и управител на локал на Економскиот факултет за примање поткуп од студенти, па дури барање и сексуални услуги за полагање на испити.