Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПроектот „палми во Македонија“, кој чинеше 600.000 евра, полека венее?!

Проектот „палми во Македонија“, кој чинеше 600.000 евра, полека венее?!

Поголем број на палми кои пред извесно време беа засадени во населбата Капиштец и Аеродром во Скопје, почнаа да се сушат. Иако за секоја од нив има поставено соодветни прскачи, тие не можат да ги издржат временските услови во Македонија.

Првиот човек во Македонски шуми, Жарко Караџовски, вели дека во Македонија, за ова прашање се говорело многу, но дека нема експерти кои можат да кажат дали палмите можат да преживеат. Според него, палмите можат да преживеат, но им е потребна заштита и нега.

Во Македонија се засадени 1.100 палми низ повеќе градови, а една палма чини 500 евра, вкупно за овие палми се потрошени 600 илјади евра.